June 24, 2021 19:53
Спорт

Станојковиќ: Елмас ќе биде откритие, а не изненадување на ЕП

Македонската фудбалска експедиција веќе е во својата база Букурешт, каде ќе ги одигра првите два натпревари од групата Ц на Европското првенство што почнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Дебитантскиот настап на завршницата од ЕП, „црвено-жолтите“ ќе го имаат в недела против Австрија од 18 часот. Страстите меѓу репрезентативците се подгреваат. И меѓу љубителите на фудбалот се крева тензијата. Сепак бројот на оние кои ќе имаат привилегија да се најдат на трибините во Букурешт ќе биде ограничен поради пандемијата предизвикана од короанвирусот. За повеќето, кои деновиве главна тема им е фудбалот и историскиот настап на македонската репрезентација, катарзата останува да се случи пред тв-екраните.

Ова ЕП се разликува од останатите токму поради здравствено- безбедносните протоколи наметнати од вирусот, но на терените во 11 градови ширум Европа се очкува да се игра квалитетн фудбал. Тоа чувство да се биде на завршница од ЕП во 1992 година од македонските фудбалери го имаат почувствувано Вујадин Станојковиќ и Илија Најдоски кои со скусената ју-репрезентација беа во Шведска, но не заиграа поради политички причини репрезентацијата беше вратена дома пред самиот почеток, а Дарко Панчев кој беше прв стрелец во квалификациите не отпатува со тогашната репрезентација поради преговорите за заминување од Црвена звезда.

Каков е чувството да се биде на ЕП кои многумина сметаат дека е и посилно натпреварување од СП, на кое Станојковиќ играше во 1990 година, за „24инфо“ се присетува популарниот Вујо, кој сега е активен во мак-фудбалот околу пренесувањето на своето богато искуство на младите генерации и открива талент.

-Незаборавно е за еден фудбалер да биде дел од големите фудбалски натпреварувања. На едно место се собрани сите големи фудбалски ѕвезди. Тоа делува инспиративно за секој играч да покаже на теренот и многу повеќе. Македонија овојпат има тим и поединци кои постојано играат натпревари со своите клубови кои се тензични и од таа гледна точка не би требало да имаат проблеми во настапите на ЕП – вели Сатанојковиќ.

Македонија е сместена во групата на аутсајдери на ЕП. Ваквиот атрибут не им создава дополнителна тензија на репрезентативците. Што може да се очекува од македонскиот тим во групата каде за противници ќе ги има селекциите на Австрија, Холандија и Украина, против кои не може да се пофали во скоро тридеценискиот настап на меѓуанродната сцена со позитивен скор ?

-Имаме компактен тим кој го предводи искусниот Горан Пандев. Селекторот Игор Ангеловски го создава 3-4 години и навистина игра добро. Сега сме во ситуација де не се плашиме од противниците, туку се што ќе постигнеме на теренот ќе зависи од македонската репрезентација. Овој тим ги респектира сите противници без разлика на нивниот рејтинг, но не се предава. Тоа е разликата меѓу претходните генерации кои се инспирираа со фаворитите, па инцидентно знаеа да ги изненадат и Англија, Холандија, Турција, Данска, Ирска…, а да ги понижат послабите и да се лизнат каде што не се очекуваше. Со оваа генерација не е така. Пристапот им е подеднаков кон сите ривали. За нив трите бода се подеднакво важни од натпреаврите со сите противници и затоа направија исчекор со обезбеден настап на ЕП – вели Вујо.

Несомнено е дека со самиот изборен настап на ЕП дека е направен историски успех за мак-фудбалот. Дали е можно да се направи и чекор понатму ?

– Реално гледано на работите од мој агол, Македонија со Украина во групата ќе се бори за пласман во вториот круг, само да ги послужи здравствената состојба да не дојде до некоја несакана повреда или да не направат непромислен потег понесени во играта и да заработат картони кои би ги оддалечиле од тимот. Без разлика што Австрија не така одмана на двапати не победи (2:1 и 4:1) и тоа со оваа генерација фудбалери, сметам дека можеме рамноправно да се носиме. Тие имаат германски менаталитет, но во нивните редови играат и балкански играчи ! – е прогнозата на некогашниот гол-играч кој како млад играше дури и за три екиви во исто време и во три различни лиги, а потоа беше прекумандуван во незаменлив крај десната аут линија во шампионската генерација на Вардар, белградски Партизан…

Станојковиќ како тренер во стручниот штаб на Словенецот Сречко Катанец кога ја предводеше Македонија, работеше со најискусниот во сегашниот тим, капитенот и прв стрелец Горан Пандев, а подоцна како селектор на помладите генерации ги има забележано во својот тефтер младите Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Токму Елмас од фудбалските аналитичари пред стартот на ЕП е вброен меѓу петте млади играчи од кои се очекува да бидат изненадување на овој шампионат.

– Елмас ќе биде откритие на првенство, а не изненадување, категоричен е Станојковиќ.

Кога се во прашање кои се фаворитите за освојувањето на титулата и тука Станојковиќ има свое гледање на разврскат?

-Има повеќе добри и компактни репрезентации, но мој фаворит е Белгија, вели Вујо во очекување да почнат фудбалските возбудувања ширум „стариот континент“.

(Д.Н.)

 

 

Поврзани вести

Радев: Нема да кажеме „да“ се додека Македонија ја краде бугарската историја

Igor

Десет нови случаи на Ковид-19, починаа три лица

Igor

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Igor

GogoAnime Watch anime online, English anime online - Gogoanime. Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 24

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Ozanari Dungeon: Kaze no Tou (https://animebee.to/m/o4pd) Episode 3

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) Episode 12

KissAnime Connect: https://connect.garmin.com/modern/profile/632c1172-7170-4197-96fe-c880fe6bff83