June 24, 2022 02:50
Македонија

„Стандард”: Доколку Софија го прифати францускиот предлог, Советот за општи работи на ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка со Скопје

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард”.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог” за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

„Стандард” тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Северна Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

– Промената на Уставот на Северна Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот.

Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог” е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

Вигенин синоќа гостувајќи во Нова ТВ изјави дека предлогот првпат ги содржи речиси сите прашања кои Бугарија ги смета за проблематични, а се однесуваат на говорот на омраза и правата на Бугарите во Северна Македонија.

– Има мониторинг механизам кој ќе ги следи овие прашања. Во однос на Бугарите таму, најдено е решение кое мислам дека е најдобро, изјави Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија.

Сепак, според него, одлуката околу повлекувањето на бугарското вето за земјава не треба да ја донесе само Парламентот, туку е потребна поширока дебата во јавноста.

play go88 fun play go88 cc go88 events

ông chủ nhà cái sunwin mã xác thực sunwin sunwin jetzt erst recht