December 4, 2022 19:11
Спорт

Стадионите полупразни, а организаторот објавува бројки дека има повеќе гледачи од капацитетите на стадионите

Трет ден се играат натпреварите од Светското фудбалко првенство во Катар и веќе се издвојуваат две необични нешта на овој планетарен собир. Првото е преголемото судиско продолжение на сите мечеви, а второто секако е впечатокот дека стадионите во Катар се полупразни, а организаторот тоа го демантира со „свои“ официјални бројки кои често го надминуваат и капацитетот на стадионот.

Така, на отворањето, на натпреварот меѓу Катар и Еквадор, имаше посета од 67.372 навивачи, иако капацитетот на стадионот е 60.000. Англија и Иран одиграа натпревар на стадионот „Калифа Интернешнл“ пред 45.334 луѓе, а капацитетот на стадионот е 40.000.

Бројките не се совпаѓаат ниту со другите два натпревари, Сенегал против Холандија се одигра на „Ал Тумама“ во Доха пред 41.721 навивачи според официјалните податоци, а стадионот може да собере 40.000 луѓе.

Според извештајот од Катар, синоќешниот натпревар меѓу САД и Велс го следеа дури 3.418 луѓе повеќе отколку што може да собере на стадионот.