October 17, 2021 16:54
Свет

Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина

Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.

Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.

Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.

Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос” израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.

Website https://animedao.nl: Watch Ride Back (Dub) animedao Episode 12 haikyuu season 2 animedao

ANIMEFLIX: Legend of Exorcism anime episode 13 online free at https://animeflix.nl death note animeflix

Website https://kissanime.mx: Watch Cutey Honey kissanime Episode 25 kissanime plus

AnimeBee: School-Live! (Dub) anime episode 12 online free at https://animebee.to animebee

Librarything: https://www.librarything.com/profile/gogoanimelol

Linktr: https://linktr.ee/gogoanimebe