August 15, 2022 18:16
Економија Македонија

ССМ излегува на штрајк за повисоки плати

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапуваат во генерален штрајк, на кој ќе побараат линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Одлуката за генерален штрајк на јавниот сектор беше донесена на 3 јуни од страна на највисоките тела на ССМ, со напомена дека тој ќе се одржи доколку не бидат исполнети нивните барања.

Од штрајкувачите, работниот процес нема да го прекинат само 10 проценти, кои ќе работат на итните случаи и ќе ги извршуваат активностите што се потребни за да не се загрозат личната сигурност, здравјето и животот на граѓаните.

Вработените во јавниот сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.

Исто така, како што е најавено, синдикалците ќе излезат и на улица и ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

– На тој начин ќе упатиме апел доколку тоа не се случи дека и тие утре можат да бидат дел од нас работниците, кои ќе стојат надвор пред Собранието бидејќи работникот е оној што гласа и во наредните избори ќе биде клучната алка за која партија ќе биде на власт, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Инаку, собраниската Комисија за финансирање и буџет не го усвои амандманот на ССМ што го предложи ВМРО, со кој предвидуваше издвојување средства за бараното зголемување на платите на административците до крајот на годинава, по што вчера од ССМ остварија средба со владините претставници.

По средбата, од ССМ изјавија дека таа не вродила со плод и ја оценија како обид за купување на време.

– Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица, изјави по средбата претседателот на ССМ, Димовски.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи по вчерашната средба истакна оти Владата е согласна дека треба да има линеарно покачување на платите во јавниот сектор, но остануваат на ставот оти тоа треба да се направи со усвојување на методологија, а не со едностран акт.

– Ние остануваме со волјата да се најде решение, но тоа да биде системско решение кое е одржливо за сите страни, а не наоѓање ад хок решение кое можеби само навидум може да го реши проблемот, но тој веројато ќе се повтори веќе наредната година, рече Битиќи, додавајќи дека усогласувањето на платите треба да биде следено со методологија на нивен раст, со цел, како што нагласи, да не се враќаме со дискусија како сега на секое движење на минимална плата дали имало или немало усогласување на платите во јавниот сектор.

На прашањето зошто се одржува оваа средба непосредно пред одржувањето на штрајкот, а не порано, вицепремиерот истакна дека тие ја побарале средбата пред десет денови, а оти одлуката за одбор на помирувачи од страната на Владата била донесена пред седум дена.

Вицепремиерот информираше дека според законот, помирувањето е законска одредба поради која побарале временски период за да продолжат започнатите преговори.

– Сметаме дека додека трае фазата на помирување штрајкот не би требало да се одржи, но тоа е демократско право на секоја страна да одлучи дали ќе прифати да има помирување и дали би требало да се одложи штрајкот. Ние ќе го испочитуваме демократското право и демократската одлука на ССМ ако тие продолжат со нивната намера за организирање генерален штрајк, рече Битиќи по средбата.

sun win

tải sunwin

tải sunwin tải sunwin apk tải sunwin apk

sunwin

sunwin