Македонија

ССКЛ со безусловна поддршка за колегите од AlbControl

Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање (ССКЛ), како синдикат кој ги претставува контролорите на летање во Република Северна Македонија, ја искажува во целост и безусловно својата поддршка на своите колеги од AlbControl, по добиените информации кои се однесуваат на притисоците и нападите врз нивните колеги од Албанија.

– Во овие кризни времиња, кога целиот свет е затекнат од ковид-пандемијата, контролорите на летање се есенцијален дел од авио-индустријата, кои максимално почитувајќи ги протоколите за заштита, со своето секојдневно присуство на работните места безусловно продолжуваат да се грижат за безбеден, редовен и експедитивен воздушен сообраќај, притоа непотпомогнати од никого, стои во денешното соопштение од ССКЛ.

Во текот на последните 25 години, низ секојдневна и континуирана соработка со контролорите на летање од Албанија, се наведува во соопштението, сме се сретнале со разумни и вредни луѓе, а пред се професионалци со кои заеднички обезбедуваме безбеден проток на воздушниот сообраќај низ овие простори.

– Обидите, тие да бидат прикажани во Албанија како непријатели на народот се само резултат на немоќ и немањето на желба за изнаоѓање вистинско решение на проблемот од страна на нивните менаџерски и владини структури. Крајно време е политичарите во регионот да разберат дека во нашата стресна професија, а во која се водиме и работиме според строги правила и норми дефинирани од ЕУРОКОНТРОЛ и други меѓународни институции, преку кои обезбедуваме најбезбеден и најбрз транспорт на луѓе и добра, нема простор за политика и политички битки во кои нашите колеги би биле користени
како оружје. Едноставно, безбедноста во авиосообраќајот тоа не го дозволува! Заканите и обидите контролорите на летање од Албанија да бидат заменети со контролори на летање од други држави се само излитени фрази од непрофесионалци и тие нема да успеат! Контролорите на летање, насекаде низ светот, знаат да ја ценат својата професија исто како и своите колеги!, наведуваат во соопштението од Струковиот синдикат на контролорите на летање.

Апелираат до надлежните во Албанија да изнајдат решение на конфликтот преку конструктивен дијалог, а не преку притисоци и закани.

ANIMEFLIX my hero academia heroes rising animeflix: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://animeflix.nl/m/MOkl/ep-1)

4Anime persona 4 animation crunchyroll: My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25