March 22, 2019 01:48
Магазин

Српски уметник преку својот мурал ги повика луѓето да го посетат Мадрид

Белградскиот визуелен уметник Андреј Жикиќ – Артез ги има обоено ѕидовите на многу градови, вклучувајќи ги Истанбул, Виена, Каиро, Алмати, а минатата недела, во рамките на саемот Urvanity Art Fair, наслика мурал во една од најпрометните улици во Мадрид.

Муралот наречен „За овој град“ се протега на четири ката во главната градска зона.

На муралот се наоѓаат елементи што се препознатливи за творештвото на овој сликар: нежен женски лик, собни растенија, куќички за птици, книги… А овој пат претставуваат повик на туристите да дојдат во Мадрид, истакнува Артез.

„Муралот раскажува за Мадрид, градот во кој посетителите од целиот свет може да дојдат и да уживаат во живописни уметнички и културни атракции што ги нуди овој град. Девојката прикажана на муралот држи куп книги, кои се однесуваат на историјата и културата на градот, како и една мала куќа за птици, која ги повикува сите преселни птици да долетаат овде и да се чувствуваат како дома!

Додека работеше на муралот, Артез предизвика големо внимание кај минувачите – како кај локалното население така и кај туристите.

„Во еден момент се свртев и добив овации – сликањето го набљудуваа повеќе од педесет луѓе што ми аплаудираа!“, се сеќава Артез додавајќи дека подоцна дознал оти Мануела Кармен, градоначалничката на Мадрид, побарала од организаторите да ѝ испратат фотографии од муралот.

На Urvanity Art Fair беа претставени делата на повеќе од дваесет меѓународно признати уметници од целиот свет. Така, освен со овој мурал, Артез ѝ се претстави на шпанската публика и со неколку акрили на платно.

Нови вести

Лозинки на корисници биле видливи за вработени во Фејсбук

Filip

Тинејџерка заработува стотици илјади фунти како кума

24news

Месецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за вас

24info