August 13, 2020 22:46
Балкан

Српски професор и неговиот тим пресметаа крај на пандемијата во септември

Професорот Петар Кочовиќ кој со помош на единствениот математички модел во светот за следење на пандемијата од коронавирусот го предвиде крајот на вториот бран од оваа зараза во Србија за 9 септември, сега има нова прогноза. Последните предвидувања на професорот Кочовиќ и неговиот тим не се толку оптимистички, туку покажуваат дека овој налет од вирусот би требало да заврши на 19 септември.

Неговиот тим е составен  од математичари и програмери кои ја следат ситуацијата со коронавирусот катадневно во сите 216 држави. Користат таканаречена Гаусова крива која се поместува на дневна основа. Методологијата им се заснова на повеќекратни бранови кои се појавуваат меѓу популацијата.

-Ние за Србија користевме податоци од Министерството за здравја и институтот  „Батут“, а за останатиот дел од светото податоците од Светската здравствена организација – појасни  Кочовиќ.

Ако и се верува  на математиката епидемијата од коронавирусот би требала да спласне за два месеци.  Само 24 часа претходно професорот прогонозираше дека крајот на пандемијата ќе се случи на 21 септември. Интересно е и тоа што за разлика од српските епидемиолози тој вториот налет на коронавирусот го крсти како бран, а не втор пик и тоа уште во јуни кога бројките на новоинфицираните лица почнаа постепено да се зголемуваат.