June 27, 2022 18:59
Балкан

Српски пејач ги избодел со нож членовите на својот бенд

Српскиот пејатр од Крагуевац, Милош Стевановиќ (39) синоќа со нож избодел двајца членови на својот бенд, откако претходно имале жестока расправија. Масовна тепачка избила во близина на ресторанот Регент во Крагуевац, која завршила со тешки последици. Очевидци за српските медиуми велат дека досега не виделе толку крвави и страшни сцени.

– Најлошо од се е што се загрозени два млади животи. Според изворот, по расправија меѓу неколку лица, пред овој познат угостителски објект избила крвавата пресметка, пишува Нова.рс.

Осомничениот Милош С. во моментот на нападот бил во алкохолизирана состојба, а нападот се случил пред објектот во кој настапувал со својот бенд. Прво внатре се искарал со колегите, а потоа излегол надвор и ги нападнал откако го зел ножот од својот автомобил.Српските медиуми пишуваат дека „познатиот пејач бил главниот виновник за овој страшен настан и од засега непознати причини им нанел тешки телесни повреди на две лица кои се уште се во животна опасност“.

Според неофицијални информации од УКЦ Крагуевац, на едно лице за жал му е изваден бубрегот и прашање е дали двајцата млади ќе успеат да преживеат од повредите кои им ги задал разбеснетиот пејач.

danh bai go88

https://sunwin.gg/