June 28, 2022 08:55
Балкан

Српската полиција уапси двајца Полјаци осомничени за шпионажа, ја снимале воената фабрика „Слобода“

Полицијата вчера уапсила двајца полски државјани бидејќи неовластено се приближиле до фабриката за оружје „Слобода“  во Чачак поради основано сомнение дека се шпиони, дознава „Новости“.

Кога припадниците на службата за безбедност почнале да им приоѓаат, тие почнале да бегаат, но биле фатени и задржани во просториите на фабриката до доаѓањето на полицијата.

Утврдено е дека тие дошле во Чачак на 8 мај, а во нивните мобилни телефони биле пронајдени снимки од пристапните патишта на фирмата „Слобода“ АД, како и две фотографии од внатрешноста на овој воен објект.

Според извори од истрагата, тие невешто се бранеле дека ја фотографирале природата и не знаеле дека се работи за воена фабрика. Ним им е одреден 48 часовен притвор, а истрагата е во тек.

Ако се утврди дека се работи за полски агенти, тоа би било продолжение на специјалната војна што некои кругови во Варшава ја водат против Србија.

Српските разузнавачки служби утврдиле дека од оваа земја пристигнале мејлови во кои пишувало дека во авионите на Ер Србија на летовите за Москва биле поставени бомби.

mẹo chơi tài xỉu trên go88 go88 game bài đại gia đẳng cấp nhất 2021 go88 bảo trì

tải sunwin tài xỉu online sunwin pro plus sunwin link tải