September 25, 2021 02:40
Балкан

Срнак нападнал и повредил најмаку шест лица кај Крушевац

Срнак нападнал и повредил најмалку шест лица во околината на Крушевац, дознава „Новости“.
Случај што дури и ловџиите не го паметат се случува во последните 10 дена на територијата на селото Пепеjeвац. Локалното население сведочи дека срнакот провалил во дворовите на семејните куќи и во селото Бекчиќи, селата Церова и Лукавац.

„Новости“ обезбеди и видео од еден од тие напади во селото Бекчиќи.

Жителката на Переjeвац, Зорица Живадиновиќ (63) беше првата жртва на срнакот. Таа беше повредена на 15 јули во градината додека вадела кромид. За среќа, таа била таму со сопругот, па успеале заедно да се одбранат.

– Ме нападна, ме прободе, па некако успеав да го фатам за рогови, сè додека не пристигна мојот сопруг – сведочеше Живадиновиќ за „Новости“.

На другиот крај од селото, срнакот скокнал во двор и нападнал две малолетни девојчиња, Сара (6) и Вишна (10). Нивниот татко, Игор Велинов, вели дека сè се случило во петокот.

Дојдов дома од работа околу 19 часот, отидов да се истуширам и ги слушнав децата како врескаат – изјави Игор Велинов за „Новости“.

– Излетав надвор и видов срнак. Тој го прескокна  базенот, ја удри Сара во грбот и ѝ ја расече главата. Вишна започна да ја брани својата сестра, па ја расече и на стомакот. За среќа, имаше уште две деца од сестра ми, тие успеаја да избегаат. Ја фатив срната за роговите сè додека сите деца не беа безбедни и не ги пуштив. Тој веднаш влета во ливадата и истрча понатаму кон шумата, вели Велинов.

AniWatch: Arcana Famiglia: Capriccio - stile Arcana Famiglia (Dub) anime episode Full online free at https://aniwatch.pro anime

AnimeBee: Beyblade Burst Evolution (Dub) anime episode 51 online free at https://animebee.to watch anime online

TwistMoe: More! Ojamajo Doremi: Secret of the Frog Stone anime episode Full online free at https://twistmoe.net watch animes

Girls & Panzer: This is the Real Anzio Battle! (Dub) Episode Full

Nhattao: https://nhattao.com/members/animefreak.2879667/

Flickr: https://www.flickr.com/people/[email protected]/