Македонија

Средношколски државен натпревар по латински јазик

Здружението „Антика” и Институтот за класични студии  денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе го организираат 48. Државен натпревар по латински јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Северна Македонија.

На натпреварот учествуваат ученици од средните училишта од целата држава. Оваа година учениците се натпреваруваат во две категории за латински јазик, според степенот на изучување на јазикот и според струката: латински почетно ниво за гимназија и латински за здравствената струка.

Во организацијата учествуваат и студентите од Институтот за класични студии, а натпреварувачите ќе можЕ да се запознаат со студиската програма и со активностите на Институтот за класични студии и на Филозофскиот факултет.

Здружението „Антика”  постои од 2001 година и обединува професионалци и студенти кои се занимаваат со истражување, унапредување на образованието и наставата по класичните јазици и литература, преведување дела од класичните автори, негување на античкото наследство во земјава  и популаризација на класичната филологија.

Од 2004 година здружението е член на Европската асоцијација за класични јазици и цивилизации Еврокласика (Euroclassica), а од  2014-та членува и во Меѓународната асоцијација на здруженија на класични филолози

Нови вести

Сенатор Риш: Очекувам ратификација на Протоколот за НАТО во јуни

Daniela

Земјотрес почувствуван во околината на Берово и Пехчево

Daniela

Во хируршкото одделение во Струга заболени девет здравствени работници од морбили

Daniela