November 14, 2019 13:25
Свет

Среде воена парада, падобранец удри во бандера и остана да виси пред кралот

Воената парада во Мадрид, по повод националниот празник, ја одбележа „судир” на падобранец со бандера, кој наместо да слета пред кралот и свечено да му го предаде шпанското знаме, остана да виси.

Публиката која во ѓиво ја следеше вчерашната парада, но и оние кои преку телевизија ја следеа, сведочеа на мал инцидент, кога падобранот се закачи за бандерата и падобранецот остана да виси наместо да слета на трибината пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки.

Како поддршка за падобранецот, кралското семејство започна да му аплаудира. Потоа, војникот го испушти големото знаме на Кралството Шпанија за да се подигне на време во знак на одбележување на пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година.

Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен падобранец со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето.

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane