June 16, 2021 11:55
Македонија

Средба Јусуфи – Бислими: Косово и С. Македонија ќе го јакнат партнерството

Амбасадорката на Република Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи на денешната средба со потпретседателот на косовската Влада задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими, изјави дека „Косово останува значаен партнер на Северна Македонија, како на полето на економијата и трговијата, така и на патот на интеграцијата во Европската Унија”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на Бислими се наведува дека тој нагласил оти ќе се заложи за продолжување на сестраната соработка меѓу двете земји и воедно најавил скорешно одржување заедничка седница на владите на двете држави.

-Вицепремиерот Бислими ѝ се заблагодари на амбасадорката за посетата (…) и нагласи дека Косово ќе работи со истата посветеност на интензивирањето на билатералните односи со Северна Македонија на политички, трговски, економски и културен план. Тој рече дека таа посветеност ќе започне веднаш, со реализацијата на една официјална посета, како и со организирањето, во блиска иднина, на заедничка седница на двете влади, се вели во соопштението.

На средбата, наведува кабинетот на Бислими, се разговарало и за состјбата со пандемијата на Ковид-19 во двете земји и за текот на процесот на вакцинација.

AnimeTV anime: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview (https://animetv.cc/m/dEmK/ep-1)

AnimeFreak my hero academia animefreak: Watch The Promised Neverland Episode 4