July 23, 2021 10:19
Македонија

Средба Османи- Кодели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османиоствари средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Мими Кодели, придружена од група пратеницикои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија.

Османи ја искористи приликата да упати честитки до Република Албанија за неодамнешниот избор како непостојана членка во Советот за Безбедност за период 2022/23 година, потенцирајќи ја важноста на овој дипломатски успех за целиот регион.

„Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и учеството на Албанија во работата на Советот за безбедност на ОН во истиот период го стават регионот на Западен Балкан во средиштето на мултилатералните активности на светско ниво”, истакна Османи.

На средбата се разговараше и за активностите и соработката на двете земји во рамките на бројните регионални инцијативи, при што беше изразена поддршка и за трилатералната Иницијатива 8 за поблиска соработка меѓу трите земји вдолж Коридорот осум, кои ги поврзуваат Јадранското и Црното море – Северна Македонија, Албанија и Бугарија.

Соговорниците изразија силна меѓусебна поддршка за напредок во европските интеграции, потенцирајќи ја подготвеноста на двете земји за почеток на преговорите

„Северна Македонија и Албанија направија сериозен исчекор во однос на своите внатрешни реформи и институционално приближување кон ЕУ, за што е добиена заслужена одлука за почеток на пристапните преговори. Секое одложување на оваа одлука создава политичка непредвидливост која го нагрoзува европскиот кредибилитет во регионот”, потенцираше Османи, изразувајќи притоа задоволство од взаемната поддршка меѓу двете земји за нивните европски амбиции.

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Flame of Recca (Dub) Episode 42

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Nodame Cantabile OVA (https://4anime.biz/m/E6Rr) Episode Full

https://wcostream.cc wcostream we bare bears. Watch Kuusen Madoushi Kouhosei no Kyoukan: Lecty no, Ikimonogatari Episode Full

KissAnime Tawk: https://tawk.to/kissanimemx