November 26, 2022 12:53
Македонија

Средба Османи – Григорјан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го прими Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.

Соговорниците се осврнаа на иницијативите на УНДП во областа на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, зајакнувањето на институциите, животната средина, климатските промени, како и на енергетската криза, како еден од најголемите предизвици за земјата и моментално највисок приоритет за Владата.

 

Османи ја поздрави континуираната поддршка од страна на УНДП за севкупниот развој на нашата земја, особено во клучните процеси, како и, изрази задоволство за севкупната соработка со Канцеларијата на УНДП во Северна Македонија, особено при идентификување на стратешките приоритети, тековните активности за постигнување на одржливите развојни цели (SDG) на Агендата 2030.

 

Воедно, на средбата, разговараа и за многуте проекти/настани, кои УНДП планира да ги организира во период од март-јуни, по повод 60 години од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во таа насока, Османи истакна дека ја имаат  поддршка на Министерството во сите аспекти, како и за заемно учество во организацијата на проектите.

 

Воедно се покрена и прашањето за заемни проекти во рамки на зелената дипломатија.