December 7, 2022 20:47
Свет

Средба на Џафери со група пратеници од Република Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со делегација на пратеници од Република Албанија, предводена од претседателот на Пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија Таулант Бала.

Посакувајќи им добредојде, претседателот Џафери изразил задоволство од ова средба како продолжение на успешната билатерлна парламентрна соработка.

Претседателот Џафери истакнал дека двете држави се во иста фаза на патот кон Европската Унија и изрази надеж дека пречките со Република Бугарија ќе бидат последни на тој пат.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е истакнато дека интеграцијата во Европа, како и тековната безбедносна и енергетска криза поради агресијата на Русија врз Украина, се полиња каде е неопходна заедничка соработка на Албанија и Северна Македонија со нивните сојузници од НАТО и ЕУ.

Претседателот на Пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија, Таулант Бала му се заблагодарил на Џафери за гостопримството и за напорите на Република Северна Македонија за решавање на ветото од Булгарија кое што го попречи патот на Северна Македонија кон Европската интеграција на двете држави. Тој исто така ги истакнал придобивките на иницијативата Отворен Балкан за граѓаните на сите држави учеснички и повика на соработка во сите сфери од заеднички интерес, а повика и на приклучување на другите Балкански земји во ова форум за соработка.

Учесниците на средбата ја истакнале важноста на меѓусебната соработка во овие тешки времиња и од економски и од безбедносен аспект и ја подвлекоа желбата за почести возвратни посети во иднина.