December 3, 2022 10:15
Македонија

Средба на Спасовски со ново именуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со ново именуваниот амбасадор на Обединетото кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон, придружуван од заменик амбасадорката Џулија Смит .

На средбата од страна на министерот Спасовски уште еднаш беше изразена благодарност до амбасадорот Лосон за досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја дава на Република Северна Македонија во сите сфери на општествениот живот, а беше искажана и подготвеност за натамошно интензивирање на одличната соработка во областа на теми од областа на безбедноста.

Амбасадорот Лосон се заблагодари на министерот Спасовски за одличната соработка меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија во зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупцијата. Обединетото Кралство ќе продолжи да ги поддржува реформите за зајакнување на безбедноста на земјата.