June 25, 2022 23:09
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со шведската амбасадорка Бенгстон

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО.

Во таа прилика, претседателот Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите државни позиции се во поддршка на политиката на отворени врати на НАТО.

Соговорниците разменија информации во однос на динамиката на процесот на пристапување во Алијансата, при што претседателот Пендаровски истакна дека со полноправното членство на Шведска во НАТО, одличните билатерални односи ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво во Алијансата.

go88 otp go88 ở đâu go88 rikvip

đại lý sunwin SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu nhà cái sunwin