October 16, 2021 09:45
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум “REMEMBER – REACT”, („Запомни – Реагирај”).

Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина.

Истовремено, претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави и беше оценето дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.

Watch Vivy -Fluorite Eye's Song- Episode 13

Mono no Kamisama: Cocotama (https://animeflv.uk/m/J6MK) Episode 8

Watch Canvas: Sepia-iro no Motif Episode 2

Website https://twistmoe.net: Watch Samurai Gun twistmoe Episode 12 watch animes

https://animeflix.nl animeflix i want to eat your pancreas