December 14, 2019 14:20
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шведска, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за интензивирање на соработката со Шведска во сферата на економијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од Шведската меѓународна агенција за развој за Северна Македонија.

Во контекст на европските аспирации на нашата држава, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката што Шведска ја дава за интеграцијата на Северна Македонија и државите од Западниот Балкан во Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, европската интеграција останува стратешка цел за Северна Македонија. За Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга прифатлива алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.

Нови вести

Советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите

Valentina

Мицкоски до Заев: Да донесеме Резолуција за заштита на македонскиот јазик, виткањето на кичмата не и донесе ништо добро на Македонија

Valentina

МВР работи на расчистување на случајот со пукањето во Палас, Спасовски бара поголема одговорност од обвинителството

Valentina