April 20, 2021 19:28
Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република Мирослав Томан

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорот  на Чешката  Република  во  Република  Северна  Македонија  H.E Мирослав Томан  и  новоименуваниот конзул и раководител на економскиот  сектор  во Амбасадата на Чешката  Република во Република Северна Македонија , Давид  Чернохорски, на кого  министерот  Спасовски му посака добредојде и успех во работата со цел  натамошно унапредување  на  одличните билатералните односи меѓу двете држави.

Од страна на двајцата соговорници уште еднаш  беа потврдени  пријателските односи, континуираната поддршка која Чешката Република и ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот и беше изразено уверување дека и во иднина ќе се работи на нејзино продлабочување  и  интензивирање  преку нови проекти и донации кои ќе бидат од голема полза за потребите и јакнење на капацитетите  на министерството за внатрешни работи . Министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговараа и за планираното испраќање на нов чешки контингент од полициски службеници за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја.