June 13, 2021 17:44
Македонија

Средба на министерката Шахпаска со австрискиот амбасадор  Вуцас: Северна Македонија и Австрија продолжуваат со тесната соработка во делот на социјалните услуги и пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Георг Вуцас и австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика, Харалд Фугер. На состанокот беше врачен меморандум за разбирање помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Сојузното Министерство за труд социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија, со кој се потврдува натамошната соработка меѓу двете земји во делот на социјалата и трудот.

„Првиот меморандум го потпишавме во 2014 година, ова е втор и ме радува што соработката продолжува. Поддршката којашто ја добиваме од Република Австрија во градењето на демократско општество за нас е многу важна. Успешните проекти и резултати што од нив ги добиваме се доказ дека работите ги движиме во одличен правец“, рече на средбата министерката Јагода Шахпаска.

На средбата беа презентирани и проектите преку кои двете министерства соработуваат, а фокусот во претходната година беше ставен на размена на искуства за услугите за поддржано вработување на младите во ризик во Република Северна Македонија. Овој тип на соработка продолжува и во наредниот период.

Во наредниот период ќе започне имплементацијата на поголем број проекти на полето на борба против сиромаштијата, заштита и спречување на родово базирано насилство, трговијата со луѓе, како и справување со здравствените и социјалните последици од пандемијата COVID-19 за маргинализираните лица, вклучително и Ромите.

Проектите ќе бидат финансиски поддржани од австриското Министерство за социјални прашања, здравство, нега и права на потрошувачите, а ќе ги спроведуваат австриски невладини организации во соработка со невладини организација од Република Северна Македонија.

„Го следиме вашиот напредок на патот кон ЕУ интеграциите. Република Северна Македонија има сериозен пристап кон ова прашање. Градиме социјално партнерство и веруваме дека од тоа најголем бенефит ќе имаат граѓаните“, истакна амбасадорот Георг Вуцас.

 

 

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. The Case of Hana & Alice Episode Full

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. The Cosmos Conqueror (Dub) Episode Full

Watch anime online for free at AnimeBee animebee. Tsugu Tsugumomo (https://animebee.to/m/j2jm) Episode 12

KissAnime Ulule: https://www.ulule.com/kissanimemx/#/projects/followed