April 20, 2021 19:01
Македонија

Средба на ЗМНР Фатмире Исаки со Звонко Милас, државен секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска

Односите и соработката меѓу Република Северна Mакедонија и Република Хрватска се во постојана нагорна линија и со гордост, можам да констатирам дека  нашето искрено и длабоко пријателство кое е воспоставено преку низа лични и семејни контакти, во последните три децении континуирано се надоградува со продлабочување и зајакнување на меѓусебниот политички дијалог, економската соработка, културната, трговската  и туристичка размена и соработка  во многу други сфери.

Не помалку значаен сврзник во нашите меѓусебни односи се и претставниците на нашата заедница во Хрватска  и на хрватската во Северна Македонија, кои преку низа активности остануваат во постојан контакт со својата матичната држава, култура и јазик и паралелно, даваат особен придонес во квалитетот на нашите одлични билатерални односи и соработка.

Во оваа смисла, сакам да истакнам дека двете држави преку потпишаната Спогодба во 2007 година создадоа основи за квалитетно остварување на малцинските права, но предвидоа и механизам, преку кој се следи оваа имплементација, а тоа  е Меѓувладината мешовита комисија. Денес имав чест да се сретнам со копретседавачот од хрватската страна, г-динот Звонко Милас, државен секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска.

На разговорот го поздравивме фактот што двете Влади имаат многу позитивен однос кон прашањата за малцинствата кои претставуваат комплексни теми.Малцинствата ги споделуваат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани во една држава  – почнувајќи од актуелната пандемија до социо-економските прашања, но, истовремено имаат и дополнителни предизвици поврзани со зачувување на нивниот културен и национален идентитет, а пред се заштитата на културното наследство, образование и негување на мајчиниот јазик.Факт е дека државјаните на Република Северна Македонија кои живеат во Хрватска се исклучително задоволни од остварените права и ние како нивна матица, сме благодарни за  поддршката која Р.Хрватска ја дава во оваа смисла.

Ме радува фактот што на последната средба на Меѓувладината мешовита комисија во Загреб на 8 октомври 2019 година,  бил воочен позитивен исчекор во исполнување на преземените обврски од македонска страна. Морам да истакнам дека тоа ми даде дополнителен поттик и ентузијам во изминатиот период, по моето назначување за  ко-претседавач на македонскиот дел од Комисијата, да пристапам во детектирање, осмислување и спроведување на активности кои придонесуваат во развојот и подобрување на соработката  во оваа сфера, свесна за значењето на зачувувањето и промоцијата на јазичната и културна разноликост и  традиција во Република Северна Македонија.

Честите средби на членовите на Комисијата, како денешната,  покажуваат дека постои интерес од страна на нашите Влади процесот да оди напред. Затоа однапред се радувам на претстојната петта средба во Скопје, за која верувам дека во конструктивна атмосфера ќе одговориме на поставените задачи и заедничкистремежи.

AnimeTV https anime tv: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 21 (https://animetv.cc/m/rez2/ep-21)

WCOStream wcostream dragon ball z: Watch One Punch Man Episode 8