August 22, 2019 01:01
Балкан

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша денеска оствари средба со претседателот Илир Мета.

Средбата меѓу Баша и Мета траеше 40 минути и доаѓа во време кога албанската политика е во длабока неколкумесечна криза.

Токму политичката криза, се дознава дека била главна тема на средбата Мета-Баша, кој пак веднаш по средбата остври средба со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат обединетата опозиција.

Ова е втора средба меѓу Мета и Баша по онаа пред локалните избори, кога шефот на државата имаше одвоени средби со лидерите на политичките партии, при што на поканата не се одѕва единствено лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.

Претседателот Мета одлучи да не ги признае изборите на 30 јуни кои претходно со уредба ги одложи за 13 октомври.Од друга страна обединетата опозиција, предводена од демократите ги бојкотираше локалните избори, а градоначалниците од десницата одлучија да не ги ослободуваат просториите за новоизбраните градоначалници.

По локалните избори опозицијата го одржа десеттиот „национален протест”,кој иако најмасовен мина без ни најмал инцидент.

Сега опозицијата одржува средби по населените места. На средбите Баша меѓу другото оцени дека 30 јуни е најнелегален настан во последните 30 години. Според него изборите ги бојкотирале 85 отсто од гласачите што значи „отфрлање на криминалниот и корумпиран режим на Еди Рама”.

Нови вести

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Filip

Протести во Турција по смена на тројца градоначалници, 30 приведени

Filip

Грција нема да го прими иранскиот танкер

Igor