January 22, 2022 01:01
Економија Македонија

Бектеши-Почивалшек: Економската соработка и безрезервна поддршка од Словенија за добивање на датум за преговори

Република Словенија ќе и помага на Република Северна Македонија во развојот на бањски туризам. Ова било договорено на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и словенечкиот вицепремиер и министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек.

На средбата, меѓу другото, било истакнато дека Република Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за добивање на датум за преговори со ЕУ.

– Денеска имавме можност да разговараме за продлабочување на нашата соработка, посебно во развој на туризмот, бањскиот туризам, за што Република Словенија има големо искуство. Нашата држава има голем капацитет за развој на бањски туризам и се договоривме да организираме средби меѓу нивните и нашите стопанственици. Ги повикав да ја посетат нашата држава, да бидат директно запознаени со потенцијалите кои ги имаме, рече Бектеши, додавајќи дека на средбата било разговарано и за зголемување на трговската размена.

– Првичните бројки од 2021, покажуваат дека се враќаме во пред ковид периодот и во делот на извозот и во увозот. Имаме многу сериозни словенечки компании кои веќе работат во нашата држава. Има компании кои се заинтересирани да дојдат и да инвестираат кај нас, особено во автомобилската индустрија. За наша радост, има и наши компании кои работат во Република Словенија, особено во металуршката индустрија и други области, истакна Бектеши, изразувајќи надеж дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи, се со цел да се креираат нови работни места, потоа да се споделат добрите искуства кои Република Словенија ги креирала на патот кон ЕУ.

Словенечкиот вицепремиер и министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек рече дека му е чест што повторно се сретнува со министерот Бектеши.

– Веќе со години се среќаваме и го следиме развојот на економската соработка меѓу Република Словенија и Република Северна Македонија. За несреќа, поради пандемијата, економската соработка малку опадна, но на наше задоволство, во последните девет месеци тоа го надокнадивме и ја зголемивме за 30 отсто. Радува големата инвестициска размена, на словенските инвестиции кај вас и обратно. Словенечките инвестиции во Македонија се големи, изнесуваат над 400 милиони евра и преку 2.500 вработени. Радува и опсегот на македонски инвестиции во Словенија, кои во последните години се зголемуваат. Според податоците тие изнесуваат преку 30 милиони евра, изјави Почивалшек, кој ја посочи компанијата ИГМ, која ги зголемила инвестициите во металургијата.

Тој посочи дека Словенија сè уште има во државна сопственост голем дел од економијата, особено туризмот и дека со министерот Бектеши се договориле за инвестициски вложувања во туризмот, особено бањскиот туризам.

Словенечкиот вицепремиер истакна дека на министерот Бектеши уште еднаш му ја потврдил безрезервната поддршка која Република Словенија и ја дава на Република Северна Македонија за добивање на датум за преговори со ЕУ.

– На самиот на ЕУ кој се одржа во Брдо успеавме проширувањето на ЕУ да влезе во Декларација. Словенечките барања беа да се внесат и конкретни датуми. Ќе направиме се, уште во текот на словенечкото претседателство да се решат проблемите, но се надеваме дека ќе најдете решение со соседите. Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ, нагласи словенечкиот вицепремиер и министер Почивалшек.

watch anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Black Clover (Dub)

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

Fairy Tail (Dub)

animeheaven Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

watch anime dub The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]