April 20, 2019 17:01
Хроника

Срби ја ограбиле златарницата во Прилеп, уапсени јатаците

Тројца Срби ја ограбиле златарницата во Прилеп, а двајца прилепчани им помогнале во грабежот, информира МВР.

Според полицијата, уапсени се Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Србија против кои е поднесена кривична пријава за разбојништво. Истрагата утврдила дека во извршувањето на кривичното дело им помогнале М.К. ( 44) и В.Т. ( 44), двајцата од Прилеп, осомничени за помагање.

Разбојништвото беше извршено на 25 декември лани, околу 8.45 часот во златарата „Буба Мара“, во старата градска чаршија во Прилеп. Додека вработената го поставувала излогот, М.А.(35) со чекан го скршил стаклото од влезната врата со помош и влегол внатре, а по него и пД.П. кој и вперил пиштол во главата на продавачката и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари.

– Вооружен грабеж во златарница во Старата прилепска чаршија – СНИМКА од ГРАБЕЖОТ… Три, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, утринава околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија. Во моментот на грабежот, во Златарницата била само сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела златото. Неофицијално, напаѓачите, наидувајќи на заклучена врата од внатрешната страна, испукале два куршуми, со едниот кршејќи го стаклото од вратата, а со другиот ја провалиле бравата, велат очевидци од соседните дуќани, кои не сакаа да зборуваат во камера, бидејќи, како што појаснија и самите, и тие добиле закани по животот кога се обиделе да го спречат грабежот. Крадците, искористувајќи го шокот и стравот на сопственичката која и ја повредиле, за само неколку минути успеале да го испразнат сефот и веднаш се упатиле кон претходно паркираното возило во близина на златарницата, кое неофицијално, било со гостиварски регистарски таблички. Поделени се информациите на очевидците дали напаѓачите биле маскирани или не. Веднаш е известена Полицијата, од каде само ни ја потврдија информацијата, не соопштувајќи никави детали. Инаку, ова е втор грабеж во раните утринските часови во Прилеп за период од само десетина дена. На 13 –ти месецов, околу 08.10 часот, 35-годишниот прилепчанец со иницијали А.В., во Пошта на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, извршил разбојништво со дрвена палка, при што го повредил поштенскиот службеник и успеал да одземе 35.600 денари. Напаѓачот е пронајден по неколку дена и од страна на судија од Основен суд Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Gepostet von Karolina Durlo am Dienstag, 25. Dezember 2018

Потоа, заедно со У.П. кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило „форд фиеста“. Прилепчанецот М.К. им помагал така што им обезбедувил сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело.

Петтопријавениот В.Т. им помагал со прикривање на автомобил „форд фиеста“ и друга логистика.

М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.

Нови вести

Скопјанец нападнат кај Стенковец, малолетник претепан во Визбгово

Igor

Девојче се лизнала на чешма во училишниот двор и тешко се повредила

Igor

Жител на Студеничани паднал по скали и завршил во болница

Igor