April 20, 2021 19:02
Балкан

Србија ќе и помогне и на БиХ со донација од 10.000 дози вакцина од „АстраЗенека“

Според „Аваз“, Србија, ќе продолжи да им помага на земјите од регионот и ќе донира 10.000 дози вакцини од британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ на Босна и Херцеговина.

Како што е познато, Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, е лидер во Европа во заштитата на своето население, а нејзините граѓани имаат дури и опција да изберат помеѓу четири типа вакцини. Србија веќе и помогна на Северна Македонија со обезбедување на 8.190 дози вакцини на од американската компанија „Фајзер“. 2.000 дози од руската вакцина Спутник V пристигнаа во Црна Гора, а исто толку ќе бидат донирани и во наредните денови.

Владата на Србија донираше на Република Српска 5.000 дози вакцина Спутник V за медицински работници.

Како што пишува „Аваз“, Србија очигледно сака да се експонира како регионална сила која покрај тоа што покажува неспоредлива државна ефикасност и лидерство во набавката на вакцините во најтешките услови на светската здравствена криза, покажува и лидерство во знак на солидарност со соседните граѓани и нивните жители независно на националната или верската припадност.

AniWatch dubbed anime: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://aniwatch.pro/m/6g6N) Episode 20

AnimeTV hunter x hunter anime tv: The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12