August 8, 2022 19:02
Спорт

Србија со Јокиќ е главен фаворит за титулата на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија е главен фаворит за освојување на златниот медал на претстојното Европското првенство, предвидуваат обложувалниците.

За обложувалниците доволно е што на Евробаскетот ќе настапи двојниот освојувач на МВП признанието за најдобар играч во НБА лигата, Никола Јокиќ, за веднаш Србија да ја прогласат за фаворит за титулата.

Покрај Јокиќ, за Србија на ЕП ќе настапат и МВП играчите на завршните турнири во Евролигата и во Еврокупот, Василије Мициќ и Милош Теодосиќ. Реномираните обложувалници нудат коефициент 4 дека Србија ќе триумфира на ЕП, најголеми конкуренти би требало да и бидат Франција (коефициент 5,5), Грција (6), Словенија (6,5) и Шпанија (10).

Во вториот круг на фаворити од сенка се наоѓаат Литванија (коефициент 12), Италија (15), Турција (17), Германија (17), Хрватска (21).

Европското првенство ќе се игра од 1 до 18 септември во четири држави и тоа во Чешка, Грузија, Италија и Германија.