June 25, 2022 22:52
Балкан

Србија со поддршка за санкциите кон Белорусија

Србија ги почитувала санкциите што ЕУ ги воведе кон Белорусија во април поради ситуацијата во таа земја и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија, пишува порталот European Western Balkans.

Станува збор за одлуката 2022/579 на Советот на ЕУ донесена на 8 април. Две недели подоцна, на 22 април, на веб-страницата на Советот било објавено дека Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија ја почитувале одлуката.

Ова е втор пат Србија да почитува санкции на ЕУ во врска со војната во Украина. Одлуката на Советот на ЕУ од 8 април наметнува секторски санкции врз финансискиот и транспортниот систем на Белорусија поради вмешаноста на земјата во руската агресија.

Официјалниот став на Белград е дека Србија ги почитува основните принципи на меѓународното право и во таа смисла територијалниот интегритет на Украина, но земјата не се вклучи во санкциите кон Русија.

Српската премиерка Ана Брнабиќ неодамна изјави дека честите дојави за поставени бомби, кои се случуваат во земјата, претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не вовела санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

go88 android

tải sunwin1