June 21, 2021 18:25
Балкан

Србија од 21 јуни почнува со прослави, Вучиќ ги кани граѓаните од регионов да се вакцинираат

Граѓаните на Србија од 21 јуни ќе можат да организираат прослави, најави премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека услов за тоа е половина од возрасното население да биде целосно вакцинирано против ковид-19 дотогаш.

-Од 21 јуни сакаме да ја отвориме Србија за прослави, свадби и родендени, но за да се оствари тоа, 50 отсто од полнолетното население мора да биде вакцинирано. Сега сме на 42%, односно 2.270.000 жители, изјави Брнабиќ.

Таа уште еднаш ги повика сите граѓани да се имунизираат.

-Ве молам да се вакцинирате! Ние ќе обезбедиме сè што е потребно за да завршиме со ковидот до 21 јуни“, рече таа. Српските медиуми денеска објавија дека земјата ја надминала бројката од четири милиони дадени вакцини.
Во интервјуто за „Прва ТВ“, претседателот Александар Вучиќ кажа дека Србија има доволно вакцини и дека и сама ќе почне да ги произведува, па наскоро сите граѓани од регионот ќе можат таму да се вакцинираат.

-Речиси секој може да се вакцинира во нашата земја, па така и странски државјани. Имаме доволно вакцини и наскоро ќе се отвориме и за граѓаните на БиХ, Северна Македонија и Црна Гора, за секој кој сака да се вакцинира. Моја порака е имаме доволно вакцини, дојдете во Србија да се вакцинирате, кажа Вучиќ.

Околу 15.000 македонски државјани веќе се вакцинираа во Србија,  најголем број од нив со „АстраЗенека“, која во Македонија е достапна само за лицата над 60 години.

4Anime persona 4 the animation english: Fairy Tail (https://4anime.biz/m/P84) Episode 175

AnimeTV anime tv shows netflix: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 24