February 17, 2019 11:21
Балкан

Србија: Мигранти преживеале неколку часа во ладилник на минус 22 степени

Српски цариници на граничниот премин Батровци на 9 февруари откриле седуммина мигранти скриени во камион ладилник, на минус 22 степени, соопшти денеска Царинската управа на Србија.

Мигрантите се откриени благодарејќи на царинскиот скенер, кој во товарот детектирал човекови силуети. Службениците веднаш го отвориле товарот на камионот, кој од Косово превезувал смрзнати малини за германскиот пазар и во него пронашле седуммина млади Авганистанци.

Од Царинската управа наведуваат дека во првите 45 дена од годината спречиле повеќе од 150 мигранти илегално, сокриени во приколку на камиони, да ја минат границата.

Related posts

Мицотакис поднесе интерпелација во грчкиот парламент за владата на Ципрас

24info

Мицотакис: Ципрас нема да ја врати довербата на грчкиот народ

Igor

На косовските полицајци им е забрането одење во кафеана и во џамија додека се на служба

Filip