October 22, 2020 08:40
Балкан

Србија и Косово во Брисел го продолжуваат техничкиот дијалог

Делегациите на Србија и Косово утре ќе го продолжат техничкиот дијалог во Брисел по покровителство на ЕУ. Според соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија се наведува дека ќе се водат разговари за формирање на Заедницата на српски општини и за прашањето на имотот.

Белградската делегација ќе ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, а разговорите ќе се одржат во седиштето на Европската служба за надворешни работи во Брисел.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак минатата недела изјави дека е крајно време успешно да се заврши процесот на дијалог.

Претходно, во Брисел се одржа уште една рунда преговори на највисоко политичко ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.

По преговорите, Лајчак оцени дека е постигнат „целосен напредок” на претходно отворени теми, за економската соработка и исчезнатите и раселени лица.

Тој изјави дека лидерите на Србија и Косово „за прв пат разговараа за аранжмани во врска со немнозинските заедници (на Косово), меѓусебните побарувања и имотот, на патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите”.

Следната недела ќе се одржи состанок на експертско ниво, а Вучиќ и Хоти ќе се состанат повторно пред крајот на септември.