April 6, 2020 03:30
Спорт

Србија го прегази Порторико, Полска ја изненади и Русија

Кошаркарите на Србија продолжуваат со фуриозна игра на Светското првенство во Кина, откако во првиот натпревар од вториот круг славеа против Порторико со 90:47. Најефикасен беше Немања Бјелица со 18 поени, 16 запиша Бобан Марјановиќ од кои 10 во првите пет минути, а на Никола Јокиќ  му беа потребни 17 минути за 14 поени и 10 скока. Кај Порторико најмногу поени даде Давид Уертас, 11.

Србија во недела игра против Шпанија за прво место во групата и полесен противник во четвртфиналето.

Дербито на истиочниот блок го доби Полска со слатка победа над вечниот ривал Русија од тесни 79:74. Русите водеа до почетокот на последната четвртина кога Полјаците го направија клучниот пресврт по кој „зборнајата“ никогаш не се врати. Најефикасен беше Русинот Михаил Кулагин со 21 поен, а потоа следуваа Полјаците Адам Вачињски со 18 и Матеуш Понитка со 14.