Економија

Србите летово нема да плаќаат патарина во Македонија

По најавата на премиерот Зоран Заев, денеска и министерот за здравство Венко Филипче во рамките на посетата на Белград потврди дека српските државјани летово од 15 јуни до 15 август нема да плаќаат патарина во С. Македонија.

Како што наведе Филипче, ова се должи на отворената врата од Србија во однос на имунизацијата на населението на Македонија, како и првите донации на вакцини со кои соседот овозможи на Македонија да го започне процесот на имунизација.

Министерот за здравство при посетата на Србија денеска исто така изјави дека направен е и договор со Институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија, за набавката на вакцините.

AnimeDao animedao twitter: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 128 (https://animedao.nl/m/Dq6D/ep-128)

WCOStream dubbed anime: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12