June 28, 2022 08:39
Македонија

Србите добиваат епархија во Македонија?

Во идните преговори за конечниот статус на автокефалната Македонска православна црква – Охридската архиепископија, Српската патријаршија треба да добие барем една епархија за Србите, односно нејзините верници во Северна Македонија, пишува „Новости“.

Дополнително, два-три средновековни манастири на територијата на Македонија треба да добијат статус на „ставропигијал“. Тоа значи дека тие би биле исклучени од епархиите на МПЦ, на чија територија се наоѓаат, а со нив би раководел директно српскиот патријарх.

Оваа преговарачка платформа на Српската патријаршија ја претставува Зоран Чворовиќ, професор на Правниот факултет во Крагуевац, во пресрет на дијалогот што двајцата црковни поглавари – патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, заедно со синодите на СПЦ и МПЦ, ќе го отворат на темата на нерешени административни прашања во Македонија.

 

На ист начин, Српската православна црква е присутна во Романија, каде што постои нејзината епархија Темишвар, иако Романската православна црква има целосна независност. Исто така, Патријаршијата од Букурешт во Србија има своја епископија „Дачија Феликс“, чие административно седиште е во Вршац.

СПЦ, во малку поинаков облик, е присутна на територијата на Руската православна црква, бидејќи во Москва функционира Дворот на СПЦ, кој сочинува целина со црквата на Светите апостоли Петар и Павле, каде што редовно се богослужби.  Московската патријаршија има идентичен двор во Белград, на Ташмајдан.

Неизбежна тема на идните разговори меѓу СПЦ и МПЦ ќе биде начинот на интеграција на Православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски, која дејствува под покровителство на СПЦ од 2005 година, како единствена канонска православна Црква во Македонија. Ова ќе значи вклучување на нејзините епархии, епископи и свештенство во новата автокефална црква.

Поврзани вести

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема

Valentina

https://go88.gg/

tải sunwin 2022 sunwin nổ hũ đăng nhập game sunwin