September 24, 2021 09:01
Балкан

Србин и Хрват фатени со тон кокаин на едрилица со која учествувале на регата преку Атлантикот

Шпанската полиција уапсила Србин, Хрват и Белгиец кои шверцувале еден тон кокаин во едрилица со која учествувале во прекуокеанска регата. Тројцата искусни скипери биле ангажирани од британска криминална група, а управувале едрилица која чини милион евра дизајнирана да „прелета“ на кој било дел од океанот каде што дува и најслаб ветер.

Тројцта биле уапсени во неделата кога едрилицата била на растојание од 240 километри од Азорските Острови во Атлантикот. Истражителите од шпанската национална полиција и даночната агенција одлучија да го искористат фактот дека екипажот на едрилицата не го извлекол максимумот од моќната едрилица. Шпанските специјалци во мали поморски чамци не им дадоа шанса на скиперите.

Агентите ја пребаруваа едрилицата повеќе од два часа со цел да откријат каде е скриен кокаинот, а уапсените беа крајно мирни, бидејќи беа убедени дека истражителите не можат да ја најдат дрогата. Сепак, полицијата со кучиња душкачи усепала да пронајде специјалните бункери во кои бил кокаинот спакуван во пакувања од по еден килограм.

Запленетата залиха на кокаин би достигнал вредност од 40 милиони евра во Шпанија и повеќе од 100 милиони евра во Велика Британија.

Она што ја изненади полицијата е новиот начин на работење на шверцерските групи. Тие користеа претходно регистрирани чамци во регати за да го одвлечат вниманието од себе. Шпанските истражители потврдија дека истиот тим се регистрирал пред неколку месеци за познатата регата што започна во Ланзароте во јануари и заврши на Карибите, на Мартиник. Тие го искористија натпреварот за да го преминат Атлантикот до Карибите и да се вратат назад.

https://twitter.com/policia/status/1419589810700931073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1419589810700931073%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fhronika%2Fhapsenja-i-istraga%2F1021457%2Fsrbin-uhapsen-tonom-kokaina-velika-akcija-kod-azorskih-ostrva-presretnuta-jedrilica-krcata-drogom-video

Website https://wcostream.cc: Watch Neon Genesis Evangelion - Genesis Reborn (Dub) wcostream Episode 3 wcostream dragon ball

Watch Gintama: Shiroyasha Koutan Episode Full

Just Because! (Dub) (https://kissanime.mx/m/R56M) Episode 12

Animepahe: Goku: Midnight Eye anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime online

Mehfeel: http://mehfeel.net/mehfeel/blogs/post/242807

Crokes: https://www.crokes.com/gogoanimelol/profile/