August 12, 2020 22:57
Македонија

Срамно е со 150 заболени и 10-тина починати дневно, приоритет на Заев и Филипче да биде снимање ПР спотови

Во јуни имаше заболени колку сите месеци претходно. Заев и Филипче наместо да покажат грижа за здравството, тераат митинзи и снимаат спотови.

Македонија скоро цел месец бележи троцифрени бројки на заболени. Црниот биланс во последното деноноќие е 120 ново заразени и 4 починати лица. Само месец јуни има заболени колку месеците претходно. Македонија е рекордер во регионот по заразени и починати лица на еден милион жители. Тоа сепак не го спречува Филипче да глуми во спотовите и митинзите на Заев.

Ова е на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче.

Да беше криминал, корупција или рекет власта на Заев би била организирана максимално, но не и кога треба да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Цела јавност виде како се организирани кога треба да договараат со контроверзниот бизнисмен Дака, за што самиот тврди дека исплатил 300 илјади евра. Гледаме како се пазарела правдата за 4, 6, 8 милиони евра, а патем има сведоштво дека сите изрекетирани пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Цела јавност виде како директорот на Фондот за здравство, вториот човек во здравството во Македонија ноншалантно става снопчиња пари во својата торба, додека во Македонија луѓе умираат од банални болести или недостаток на финансиски средства за операции.

Ова е бедата на владеењето на СДСМ и Заев, која граѓаните ја почувствуваа на својот грб.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!