November 28, 2020 07:30
Хроника

Срамна пресуда на судот во Виница, условна казна за напад и повредување на полицајци

Македонскиот полициски синдикат реагира во врска со пресудата на Основен суд Виница за извршен напад врз наши колеги за што судот изрекол алтернативна мерка УСЛОВНА Осуда за што сметаме дека е СРАМНА!!

Основниот суд Виница донел Пресуда 1К-1/20 од 09.10.2020 година постапувајки по предмет за КД„Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност„ по член 383 од КЗ,по Предлог на Јавното обвинителство за издавање на канен налог,и на сторителот му изрекол алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА ОД 1 ГОДИНА. Од увидот во предметот Македонскиот полициски синдикат смета дека ваквата Пресуда е спротивна на основната цел за остварување на индивидуалната и генералната превенција за одвраќање на сторителите да не чинат вакви дела,а во насока на заштита на полициските службеници од напади при извршување на своите работни задачи.

Сметаме дека ваквата Пресуда во формална смисла е осудителна, но во материјална смисла е ослободителна,и со ваквите пресуди за извршени напади на полициски службеници,наместо да се одвраќаат граѓаните да не вршат напади,истите се охрабруваат што е евидентно од
секојдневните напади на полициски службеници на целата територија на
државата.

Со ваквите Пресуди сметаме дека предметите за напади на полициски службеници се сведуваат на обичен формализам во постапката на Јавното обвинителство и Судот,сведувајки ги на обична статистика и формално затварање на предметите како статистичка бројка на завршени
предмети, без да се применат сите одредби на Кривичниот законик и да се изрече правична казна на сторителите на вакви кривични дела во законската рамка предвидена за предметните кривични дела,а се со цел поголема казнено-правна заштита на полициските службеници а во насока на
остварување на целта спречување на сторителот да врши кривични дела и
воспитно да се влијае другите да не вршат вакви кривични дела.

Во конкретниот предмет е утврдена погрешна квалификација на кривичното дело односно постапката е водена по член 383,став1, а сметаме дека било потребно да се води по член 383,став 2,со оглед дека полициските службеници се здобиле со телесни повреди,за кое КД е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 5 години.

Алтернативните мерки се изрекуваат за полесни кривични дела,па се поставува прашањето дали кривичните дела за Напади на полициски службеници се сметат за полесни кривични дела ако се земе во ѓпредвид заштитеното добро како објект на заштита односно полициската
служба која треба да преставува гарант на заштита на јавната безбедност и слободите и правата на граганите,а јачината на загрозувањето или повредата на заштитениото добро преставувца еден од отежнителните околности кои судот задолжително треба да го земе во предвид при
изрекување на санкцијата.

Со изрекувањето на ваквите формални алтернативни мерки МПС смета дека нема да се придонесе кон намалубвањето на ваквите појави на напади на полициски службеници,за што сме сведоци на секојдневните зачестени напади на полициските службеници.

МПС и понатаму ќе продолжи да ги следи сите поединечни Пресуди за КД во кои жртви се полициски службеници и јавно ќе ги објавува а во насока на зголемување и правична казнено-правна заштита на полициските службеници.