December 4, 2022 19:10
Спорт

СП2022: Поразот на Германија од Јапонија го следеле само 9.2 милиони Германци

Само 9.2 милиони Германци го следеле вчера телевизискиот пренос од првиот натпревар на германската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар на кој сензационално триумфираше Јапонија со 2-1, објави денеска компанијата за мерење податоци на гледаност AGF.

За споредба, на Мундијалот пред четири и пол години во Русија, првиот натпревар на Германија, како актуелен светски првак, против Мексико (пораз 1-0) провлече речиси 26 милиони гледачи.

Вчерашниот натпревар во кој Јапонија со пресврт дојде до победа се одигра во 14 часот по германско време, кога голем број луѓе биле на работните места. Телевизискиот пренос од првиот натпревар на Мундијалот 2018 беше во 17 часот.

Според податоците објавени од AGF, воведниот натпревар во неделата меѓу Катар и ←Еквадор го следеле само 6.21 милиони Германци, додека првиот натпревар на СП во Русија во 2018 го следеле 10 милиони.