November 29, 2020 02:49
Свет

Спречен терористички напад во Делхи, уапсени двајца терористи

Полицијата во Делхи уапси двајца терористи и спречи терористички напад планиран околу празничната сезона во земјата. Зборувајќи за „Спутник“, заменик-комесарот за полиција Санџив Јадав откри дека тие ѝ припаѓале на терористичката група Џаиш-е-Мохамед со седиште во Пакистан.

„Врз основа на информациите, беше поставена стапица во близина на областа Сарај Кале Кан во Делхи вечерта беа приведени двајца осомничени, кои се жители на Џаму и Кашмир“, рече Јадав.

Уапсените се идентификувани како Абдул Латиф Мир и Мохамад Ашраф.

„Кај нив пронајдовме два полуавтоматски пиштоли и 10 касети муниција. Првичната истрага откри дека клучни места во Делхи заедно со важни личности биле мета на овие терористи“, соопшти полицијата.

Терористите ги сослушува заеднички тим на разузнавачки агенции и полицијата на Делхи. Индиските безбедносни агенции заедно со државната полиција се во состојба на готовност од почетокот на празничната сезона во земјата, бидејќи терористите сметаат дека тоа е можност за напаѓање на преполните места.

Во меѓувреме, полицијата спроведува рации на неколку други локации во Делхи во врска со апсењето на терористите на Џаиш.Индиските разузнавачки агенции неодамна открија дека обидите за инфилтрација од Пакистан во Џаму и Кашмир најверојатно ќе се зголемат пред да се затворат планинските превои поради обилниот снег, бидејќи шансите да се премине во долината после тоа стануваат минимални.