Магазин

„Спотифај“ ја отстранува музиката на Нил Јанг на негово барање

Платформата за стримување музика „Спотифај“е во процес на отстранување на музиката на Нил Јанг бидејќи компанијата нема намера да го повлече подкастот на Џо Роган по приговорите на музичарот дека шири дезинформации за вакцината против Ковид-19.

Канадскиот пејач-текстописец го осуди ширењето на лажни тврдења за коронавирусот на главниот подкаст на платформата, и беше дециден: „Може да го имаат или Роган или Јанг. Не двајцата“.

Инаку, „Њујорк тајмс“ претходно го опиша Роган како „еден од најконзумирните медиумски производи на планетата. Неговиот подкаст, Joe Rogan Experience , е најпопуларен на „Спотифај“.

Во 2020 година, Роган потпиша договор од 100 милиони долари што му даде на стриминг-гигантот ексклузивни права за неговата емисија.

Но, оваа недела, Јанг објави отворено писмо до својот менаџер и издавачката куќа, кое подоцна беше избришано, а во кое тој наведе: „Со 11 милиони слушатели по епизода, The Joe Rogan Experience, кој се хостира исклучиво на Спотифај, е најголемиот подкаст во светот и има огромно влијание. Спотифај има одговорност да го ублажи ширењето на дезинформации на својата платформа, иако компанијата во моментов нема политика за дезинформации.“

Музичарот додаде: „Веднаш да го известите ‘Спотифај’ дека сакам целата моја музика да ја повлечат од нивната платформа… Тие можат да го имаат Роган или Јанг. Не и двајцата.”

Портпаролот на „Спотифај“потврди за „Холивуд репортер“ во средата дека платформата ја повлекува, односно отстранува музиката на Јанг.

„Сакаме сите светски музички и аудио содржини да бидат достапни за корисниците на Spotify. Со тоа доаѓа голема одговорност во балансирањето и на безбедноста на слушателите и на слободата на креаторите. Имаме детални правила за содржина, и досега, од почетокот на пандемијата, отстранивме преку 20,000 епизоди на подкасти поврзани со Ковид. Жалиме за одлуката на Нил да ја повлече својата музика од Spotify, но се надеваме дека наскоро повторно ќе му посакаме добредојде“, изјави портпаролот.

Странските медиуми потсетуваат дека од почетокот на пандемијата, Роган, кој има легии посветени следачи, постојано шири дезинформации и лажни тврдења.

Пред неколку недели, 270 лекари, научници, здравствени работници и професори напишаа отворено писмо до „Спотифај“, изразувајќи загриженост за медицинските дезинформации на подкастот на Роган.

anime flix. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

ANIMEFLIX Naruto: Shippuden

ANIMEFLIX One Piece

ANIMEFLIX JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)