Магазин

„Спотифај“ го испочитува ултиматумот на Нил Јанг

Музиката на Нил Јанг е отстранета од стриминг-платформата „Спотифај“, откако пејачот-текстописец се спротивстави неговите песни да се пуштаат на истата платформа што го нуди подкастот на Џо Роган, соопштија компанијата и музичарот.

Претходно оваа недела, Јанг објави писмо упатено до неговиот менаџер и издавачката куќа, „Ворнер мјузик груп“, во кое побара „Спотифај“ повеќе да не стримува негова музика сè додека Роган шири дезинформации за вакцините против Ковид-19.

Во четвртокот, пејачот на Heart of Gold и Rocking In the Free World се заблагодари на неговата издавачка куќа што „застана зад мене во мојата одлука да ја повлечм целата своја музика од „Спотифај“, и ги охрабри и другите музичари да го сторат истото.

„Spotify стана дом на дезинформации за Ковид опасни по живот“, напиша Јанг на неговата веб-страница. „Лаги се продаваат за пари“.

Шведската компанија соопшти дека се труди да ја балансира безбедноста на слушателите и слободата на креаторите и дека отстранила повеќе од 20,000 епизоди на подкаст поврзани со Ковид-19 во согласност со своите детални политики за содржина.

Роган (54) е водител на The Joe Rogan Experience, најдобро рангиран подкаст на „Спотифај“, кој има ексклузивни права на програмата.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime dub 4Anime Black Clover

dubbed anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

4 anime biz Fairy Tail (Dub)

4Anime Attack on Titan Season 2

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 5