July 21, 2019 02:36
Скопје

Спортско игралиште “Фортуна” ќе добие сосема ново осветлување

Гази Баба и во новата 2019 година продолжува со капитални проекти кои ќе бидат од големо значење за младите во нашата општина. Спортското игралиште “Фортуна” кое беше сосема уништено по поплавата во 2016 година е целосно реконструирано со тревни површини.

Поставуваме ново осветлување, со што спортистите ќе добијат соодветни услови за тренинзи и во ноќните часови и тоа токму кога се одбележуваат 100 години од постоењето на ФК “Фортуна” коj е еден од најстарите клубови во Македонија.
Ќе бидат поставени 24 рефлектори, распоредени на 6 столбови со височина од 18 метри. Ваквата поставеност на осветлувањето, ќе овозможи лесна достапност и нивно одржување.
Системот за рефлекторско осветлување ќе биде компјутеризиран и модернизиран. На едноставен начин ќе може да се поставуваат различни светлосни сценарија, зависно од видот на спортските активности – како на пример за ноќен натпревар во лигата, за тренинг на цел терен, за тренинг на половина терен, за одржување на теренот и слично.
Ќе се користи извор на светлост кој според светлосната ефикасност е еднаков и подобар од ЛЕД изворите. Специјално конструирани за осветлување на спортски терени, овие рефлектори ќе обезбедат соодветна боја на светлоста. Со новото осветлување ќе се постигне значителна заштеда на електрична енергија.
Нашата цел е спортското игралиште “Фортуна” повторно да стане збиралиште на сите љубители на спортот од овој регион на општина Гази Баба, а кои ќе ги задоволува сите потреби на современ спортски терен со трибини.
И оваа година ќе продолжиме со поставување на вештачка трева на спортски игралишта, ќе градиме сосема нови терени, како и затворен базен со цел Гази Баба да биде расадник на спортот и деца со здрави навики, чија преокупација во ова модерно време ќе биде фудбалот, кошарката, тенисот, одбојката и други спортови, наместо залудно потрошено време пред паметните уреди, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски .

Нови вести

Без вода утре дел од Општина Ѓорче Петров

Valentina

Комунална хигиена собра 40 кубни метри кабаст отпад во Чаир

Valentina

Посебен сообраќаен режим поради ридско-брзинскиот натпревар во автомобилизам

Valentina