January 23, 2020 09:13
Македонија

Спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините

Спортските сали „Партизан” и „Расадник” им се враќаат во владение на општините Карпош и Кисела Вода, а спортската сала „Кале” ќе и биде дадена на трајно користење на Кошаркарската федерација. Покрај ова, одлучено е и спортската сала во Радовиш и спортската сала и другите спортски објекти во Куманово да им бидат вратени на двете општини.

Ваква одлука денеска донесе Владата на својата редовна седница.

– Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура, велат од Владата.

Нови вести

СДСМ:Просечната плата во ноември 2019 поголема за 5,1 отсто, со СДСМ платите растат постојано

Valentina

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи

Valentina

Камчев барал изземање на Лиле Стефанова од „Империја“

Valentina