October 25, 2020 00:33
Македонија

Според Вулин, Македонија правела црква на темелите на СПЦ!

Објаснувајќи го својот став дека Александар Вучиќ „е, мора и треба да биде претседател на сите Срби, каде и да живеат“ и оти тој треба да создава „српски свет“, министерот за одбрана Александар Вулин ја чепна – Македонија.

За тамошната ТВ Прва тој истакна дека не се меша во работата на соседите и праша дали е мешање кога, како што рече, „Црна Гора се заканува дека ќе ја забрани Српската православна црква или кога Северна Македонија прави своја црква на темелите на СПЦ“.

Според Вулин, сите Срби треба да донесуваат заеднички политички одлуки за важни прашања и оти „доста се извинувале за Голема Србија“, додавајќи дека територијално обединетата Германија не му е проблем никому, но политички обединетите Срби – да.

На прашањето дали се плаши од реакција за ваквите изјави, тој побара да му објаснат што не е вистина во тоа што го рекол.