June 28, 2022 14:06
Балкан

Сплит со шпалир од бродови се збогува од Матеј Периш (ВИДЕО)

Пријатели, колегите и бродари вечерва се простиле од Матеј Периш во центарот на Сплит.

Со пораки кои ќе ги разнежнат и најтврдокорните срца, како и со бакљи, тие подготвиле шпалир од бродови и чамци во близина на сплитското фериботско пристаниште.

Исто така, почнале да свират и траектите кои во тој момент биле затекнати во близина.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, приликата ја искористил и таткото на Матеј, Ненад, со цел да им се заблагодари на сите што помогнале во петмесечната потрага.

„Ви благодарам на сите, покажавте големо срце“, изјавил Ненад Периш.

Да потсетиме, телото на Матеј Периш минатата недела беше извлечено од Дунав во Белград. По него се трагаше од крајот на декември минатата година, кога исчезна.

Кобната вечер, ноќта меѓу 30 и 31 декември, Периш од непозната причина го напуштил клубот „Готик“, а потоа бил снимен како трча по улиците запирајќи такси. Последното видео на кое може да се види Матеј е од надзорните камери на ресторанот „Саванова“ на кое се гледа како тој се спушта по скалите што водат кон реката.

https://go88.gg/

mã otp sunwin sunwin game bài đổi thưởng trực tuyến sunwin ôn thi