August 20, 2022 02:27
Македонија

Спасовски ќе учествува на состанок на Одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност – ИИСГ

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски денеска ќе учествува на шестиот состанок на Одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИСГ).

Како што информираат од Министерството, состанокот се одржува во Сараево во хибриден формат, а Спасовски ќе земе учество онлајн преку платформата Зум.