Македонија

Спасовски: Хосот во МВР ќе се среди

„Треба да се внимава во МВР, бидејќи не смее да има сериозни закани по безбедноста или тоа да го предизвикаат одредени постпаки кои ќе бидат преземени, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Очекувам недоразбирањата да бидат надминати. Сметам дека задачата која ја добил директорот на БЈБ, да ги согледа сите тие состојби кои настанаа по издадената телеграма со која се укинаа сите наредби, што, пак, сметам дека е најисправниот модел, ќе се заврши уште денес во МВР. Не е истото обезбедување кое било додека бев министер за внатрешни работи, тоа е зголемено според уредбите, но се луѓе кои јас сум ги избрал до мене“, рече Спасовски.

Според него тоа што ќе создаде хаос, ги покажува само лични интереси.

-Недоволното познавање и упатување на што се се потпишува и носи како одлука, носи до една ваква ситуација, рече премиерот.