December 4, 2020 23:43
Македонија

Спасовски со шефот на Канцеларијата на ИОМ  во Скопје

Министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски и државната секретарка во министерството за внатрешни работи,  Магдалена Несторовска, денеска остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Скопје,  г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска. На средбата  којашто беше организирана во насока на натамошно продлабочување на досегашната  плодна соработка меѓу МВР и ИОМ, се разговараше за низа актуелни теми од сферата на миграциите.

Шефицата на Мисијата на Меѓународната организација за миграции во Скопје, Соња Божиновска Петрушевска  изрази  благодарност до министерот Спасовски  за  имплементацијата на заедничките иницијативи, со уверување дека остануваат на располагање  за идните планови и потреби од заеднички интерес,  кои се во домен на мандатот на ИОМ во Република Северна Македонија.